Притвор за британски државјанин, кој е под истрага за продажба на дрога во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Велика Британија по потекло од Битола, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од Јавно обвинителство денеска соопштија дека осомничениот 33-годишник имал привремен престој во еден хостел во Битола и на 30-ти јануари неовластено набавил марихуана во вкупна нето маса од 24,68 грама.
– Дел од дрогата за износ од 500 денари тој му ја продал на едно лице, додека остатокот бил пронајден при претресот во неговата хотелска соба, се појаснува во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение определи притвор во траење до 30 дена.
Ново на Сител
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
