Поранешен службеник на НСА обвинет за кражба на илјадници доверливи документи

Поранешниот вработен во американската Националната агенција за безбедност (НСА), Харолд Томас Мартин, е обвинет од поротата на Судот во сојузната држава Мериленд за кражба на илјадници доверливи и чувствителни разузнавачки документи и податоци поврзани со националната одбрана на САД.
Мартин (52), кој беше уапсен во август минатата година, е обвинет за 20 разни кривични дела, поврзани со чувањето на државните документи и податоци, дома и во неговиот автомобил.
Според американските медиуми, станува збор за класифицирани документи на НСА, на американската кибер команда, на ЦИА и на Националното биро за набљудување (НРО), што Мартин ги собирал од 1996 до 2016 година.
Обвинителството тврди дека материјалите содржат податоци за американските воени потенцијали, за операциите на војската, како и за откриените методи на странските разузнавачки агенции и за целите и интересите на САД.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) засега нема сознанија за тоа, кои биле мотивите на овинетиот Мартин да ги краде материјалите и да ги чува кај себе.
Неговиот прв адвока,т кој му бил доделен по службена должност, на првото сослушувње рече дека обвинетот бил „опседнат“ со документи и податоци, но адвокатот на последното сослушување, не се обидел да ги објаснува мотивите за ваквото однесување.
За НСА, Харолд Томас Мартин бил ангажиран преку договор што агенцијата го имала со една консалтинг фирма, која веднаш го раскинала договорот, кога полицијата го уапси пред шест месеци.
Но, тој има долго искуство за работа со „чувствителни материјали“ во разузнавачкиот сектор, а десет години бил припадник на американската воена морнарица и има чин на поручник.
Информациите кои биле дигитално чувани во неговиот автомобил, биле еднакви на 50 илјади гигабајти, што е доволно за складирање на 500 милиони документи со слики и текстови.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
