Поранешен шеф на украинското разузнавање уапсен за предавство на Крим
– Украинските сили го уапсија поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Олег Кулинич, кој е обвинет за предавство, пренесува „Украинска правда“.
По апсењето, СБУ објави дека една од нејзините главни задачи е да ги спречи обидите на Русија да ја прошири својата мрежа на агенти меѓу украинските државни службеници.
– Во вакви случаи беа вмешани и вработени во СБУ, што ја покажува намерата за расчистување на Службата.
Со откривање на ваквите ситуации, наместо да ги криеме, го поставивме курсот за изградба на модерна и ефикасна специјална служба, способна да се соочи со моќен непријател кој ја загрозува безбедноста на Украина, се наведува во соопштението.
Во 2020 година, Олег Миколаевич Кулинич беше назначен за шеф на Дирекцијата на Службата за безбедност на Украина за Крим. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го смени од таа функција во март 2022 година. СБУ е главната разузнавачка и безбедносна агенција на Украина, наследник на украинскиот огранок на советскиот КГБ.
Нејзините задачи се, меѓу другото, контраразузнавање и борба против тероризам. Во рамките на оваа служба има и специјална единица на Алфа групата.
Ново на Сител
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари