Поранешен шеф на предизборен штаб на Трамп помага за курдскиот референдум во Ирак
Поранешен шеф на предизборен штаб на американскиот претседател Доналд Трамп активно учествува за спроведување на референдумот за независност на ирачки Курдистан и покрај тоа што САД се спротиставуваат на курдските намери, објави Њујорк тајмс.
Пол Манафорд ја изградил кариерата како советник за странски клиенти чии интереси понекогаш се различни од оние на официјалната американска надворешна политика.
Весникот наведува дека Манафорт ја почнал работата за Курдите ова лето и со него се поверзал преку посредник на Масрур Барзани син на курдскиот лидер Масуд Барзани кој ја организирал посетата на Манафорт во севрен Ирак.
Таму Манафорт се консултирал со курдсски активисти и им ветил поддршка од Запад за нивните интереси како за време на референдумот така и по него. Во Ербил бил испратен негов близок соработник и не се исклучува веројатноста Манафорт да се врати во регионот во следните денови за да присуствува на гласањето.
Портпарол на Масрур Барзани потврди дека Манафорт бил платен за да помага за референдумот и по него без да каже каква е неговата улога.
Референдумот закажан за в понеделник нема да значи и итно објавување независност, но Вашингтон и меѓународната заедница сметаат дека тоа може да ја ослаби коалицијата против ИД и дополнително да го дестабилизира Ирак, но и да предизвика насилства во тие региони, објави Њујорк тајмс. Во изминатите три години курдската влада исплатила повеќе од 1,5 милиони долари за лобирање на вашингтонски фирми, нагласува весникот.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација