Македонија
23. March 2022 - 12:17

Поранешен борец на УЧК предлог на МНР за амбасадор во Швајцарија

Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, по предлог на ДУИ, објави МКД.мк.

Демири е поранешен борец на УЧК кој експресно напредуваше во дипломатијата, активен е на социјалните мрежи и не пропушта честитки поврзани со УЧК, како таа за „ослободување“ на Слупчане и областа Карадак.
 
-Честит 2 мај 2001! Стотици борци на ОНА заземаа точки за да ја заштитат татковината, правата и албанскиот дух насекаде. Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата. Слава им”, напиша конзулот-напиша конзулот на Фејсбук пред две години.