Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
Авто-перална во скопски Карпош доби забрана за работа од локалната самоуправа поради преголема бучава.
- По пријава од граѓани кои се пожалија на прекумерната бучава во реонот на населбата Карпош 2, овластениот инспектор за животна средина од општина Карпош веднаш реагираше и излезе на терен, каде направи вонреден инспекциски надзор на местото каде што функционира правниот субјект ДПТУ „Делта Центар“ ДООЕЛ-Скопје, со основна дејност миење на моторни возила. Станува збор за самоуслужна автоперална која се наоѓа на булеварот 8-ми Септември (на аголот, спроти СЦ „Борис Трајковски“), информираа од општината.
По брза постапка општинскиот инспектор ја ангажираше акредитираната фирма „Еуромакконтрол“ ДООЕЛ, која спроведе неколку последователни мерења на нивото на бучава, согласно Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина. Од добиениот Извештај и податоците од мерењата, контстатирано едека гореспоменатиот правен субјект ги надминува максимално дозволените гранични вредности, додаватаа надлежните.
Во таа насока на ден 30.12.2024 година, на правниот субјект му беше издаден прекршочен платен налог за сторен прекршок на правното и одговорното лице. Во случајов, субјектот не ја прифати постапката и не ги плати прекршочните налози, со што постапката целосно е препратена до надлежен орган за понатаношно разгледување и постапување. Веднаш потоа, односно на 31.12.2024 година општинскиот инспектор за животна средина донесе Решение за забрана за вршење на дејност - одржување и поправка на моторни возила во рок од 30 дена. Подносителот на барањето ќе биде известен преку Управната инспекција, додека инспекциската постапка е во тек.
Инспекциските служби од Општина Карпош во рамки на своите должности и овластувања реагираа на овој начин, заштитувајќи ги правата на граѓаните кои беа изложени на прекумерна бучава, која го нарушуваше квалитетот на нивниот живот, велат од општина Карпош.
Ново на Сител
-
Пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф
-
Одземени десет возила поради предизвикување голема бучава и диви трки во Скопје | ФОТО
-
Изграден нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово
-
Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје
-
Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски
-
МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
-
Со возило „Опел“ удрен 50-годишник на велосипед од Прилеп
-
Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски