Поради заболена воспитувачка една група деца од кумановската градинка „Пчелка“ во изолација
Една група со две воспитувачки и 11 деца се во изолација од објектот „Пчелка“ од кумановската градинка „Ангел Шајче“, поради заболена вработена од коронавирус, соопштија денеска надлежните од градинката. Нема заболени дечиња во групата.
– Состојбата со дечињата е добра, немаме никакви проблеми, никакви појави кај децата без разлика дали е омикрон или делта сој, меѓутоа имаме една колешка од јасли од објектот „Пчелка“ така што и другата колешка бидејќи е невакцинирана, мора да оди во изолација, согласно протоколите и во моментот единаесет деца се во изолација поради вработените, а досега немаме случај кај децата, изјави директорката на јавната установа, Марина Алексовска.
Од почетокот на пандемијата немаше заболени дечиња во установата, повремено се појавуваа заболени помеѓу вработените, но состојбата беше релативно стабилна, бидејќи во установата се почитуваат строгите ковид протоколи. Надлежните велат дека постојано се во консултација со вработените од Центарот за јавно здравје.
– Има некоја реакција од родителите за тоа што нивните деца мора да одат во изолација, им се издаваат решенија меѓутоа имаат и барање да им се издаде потврда дека нивното дете во моментот е во изолација од страна на нашата установа. Ние секогаш сме отворени и секогаш не ни е проблем да дадеме таква потврда дека поради изолиран случај ние мораме целата група да ја ставиме во изолација, а исто така на дневна основа го информираме и Министерството за труд и социјална политика, за бројната состојба, дали има заразени или не, секој ден од самиот почеток на пандемијата, од 11 март 2020 година, истакна Алексовска.
Во установата во која има осум објекти, 74 проценти од вработените се вакцинирани, останатите поради болест, некои поради прележување или други причини не се вакцинирани.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка