-->
-->
Поради вчерашниот говор на Трамп цела сала плачеше
-->

Америка мора своите граѓани да ги стави на прво место бидејќи само така можеме Америка повторно да ја направиме голема, порача американскиот претседател Доналд Трамп во текот на своето прво обраќање пред Конгресот.
Тој и се обрати на вдовицата на американскиот војник кој неодамна загина во Јемен, која присуствуваше на говорот, а во првите анализи од обраќањето на Трамп сите панелисти на Си-Ен-Ен се согласија дека овој момент го одбележа целиот говор.
Неговиот жесток критичар, некогашниот советник и близок соработник на Обама, Ван Џонс, рече дека тоа беше „моментот кога Трамп всушност стана претседател на Америка“.
Си-Ен-Ен ги објави и резултатите од анкетата, според кои дури 78 отсто од испитаниците реагирале позитивно на обраќањето на Трамп (57 отсто многу позитивно, 21 отсто донекаде позитивно), а 21 отсто негативно.
Со оглед на фактот дека мандатот го почна пред повеќе од еден месец Трамп во обраќањето пред Конгресот истакна што досега направил како претседател, но и што планира да направи до крајот на својот четиригодшен мандат.
Веднаш на почетокот тој ги осуди серијата закани до еврејските центри ширум САД, како и вандализмите врз еврејските гробишта кои се заредија од неговото доаѓање на власт.
– Ова не потсетува дека заедно сме обединети во осуда на злото во сите негови грозни форми, рече Трамп.
Потоа своите ставови тој дополнително ги образложи, претставувајќи ги своите гости сместени на галеријата од салата во која се обраќаше пред Конгресот.
Меѓу нив беше и Карин Овенс, вдовица на Рајан Овенс, припадник на специјалната воена единица „морнарички фоки˝, кој загина во мисија во Јемен која беше наредена од Трамп, а која се покажа како целосно фијаско, пишува „Јутарњи лист“.
Моментот во кој Трамп и се обрати на вдовицата го одбележа целото негово обраќање.
– Благословени сме што вечерва со нас е и Карин Овенс. Рајан умре токму како што и живееше: како воин и како херој. Се бореше против тероризмот и ја штитеше нашата држава, рече Трамп.
„Штотуку разговарав со генералот Матис (министерот за одрана), кој, истото ми го кажа. ќе го цитирам: ’Рајан учествувал во исклучително успешен напад што произвел големо количество корисни податоци кои во иднина ќе не одведат во уште многу победи“.
Според него, тоа што Рајан го сторил ќе остане запишано во вечноста.
„Како што Библијата не учи, нема поголем љубовен чин од полагање живот за пријателите. Рајан го даде својот живот за пријателите, за својата земја и за нашата слобода. Никогаш нема да го заборавиме, рече Трамп гледајќи во Карин Овенс, чии очи се наполнија со солзи, а целата сала со емоции“, наведува „Јутарњи лист“.
Сите во салата станаа и почнааа да и ракоплескаат, а аплаузот траеше две минути и 11 секунди.
– Рајан сега сите нас не гледа и мислам дека е многу среќен бидејќи мислам дека токму сега е соборен рекорд, рече Трамп мислејќи на должината на аплаузот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило