-->
-->
Поради упатени закани кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Тричковски доби кривична
-->

Секторот за компјутерски криминал при МВР до скопското Oсновно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против новинарот Бранко Тричковски, кој на социјалните мрежи објави статус со навредлива и заканувачка содржина кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што информираат од МВР, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13 април објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.
Минатиот понеделник, Тричковски напиша подолга објава која започнува со прашањето „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“
Поради оваа објава, Тричковски се товари за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди
-

Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти
-

Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
-

Трет ден расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Поскапуваат бензините и дизелот
-

Од 24.000 на 34.000 денари поскапува полагањето за возачка дозвола од Б категорија
-

Кремљ се надева на уште една средба Путин - Трамп
-

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор, детали за убиството во Штип
