Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Росоман - Прилеп
Од 10:45 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Кавадарци односно Росоман - Прилеп, околу 200 метри после тунелот, сообраќајот е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато, кој во мометов не преставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот.
Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји