Поради снежни наноси трет ден отсечени 250 жители од две села во Ранковце
Високата снежна покривка од околу 60-тина сантиметри и големите наноси на регионалниот патен правец Ранковце-село Герман веќе четврти ден ги отсече жителите на селата Герман и Криви Камен од сообраќајна комуникација со општината.
Градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, информира дека учениците од подрачното училиште "Христијан Тодоровски-Карпош" четврти ден не посетуваат настава.
- Наставата во училиштето во Герман е во застој четврти ден, наставниците не можат да отпатуваат до таму, а иако јас инсистирав изминатите денови ЈП Македонија се уште не го има пробиено патот. Засегнати се жителите на село Пклиште, Станче, Криви Камен и Нерав, иако до Пклиште е излезено возило на Македонија пат, но не и до Герман, рече Тошевски.
Апелира да се активираат екипите за расчистување за да се овозможи нормално функционирање на жителите на реонот.
Градоначалникот информираше и дека се расчистени и проодни локалните патни правци за чие одржување е задолжена општината, а за зимско одржување е задолжено Јавното претпријатие „Чист ден" од општината.
- Македонија пат за денеска најави расчистување на патот до село Герман, и тоа со специјално возило за отстранување снег-унимол. Ќе се чисти и патниот правец до Калин Камен, што го поврзува со село Бс, како и патот што води кон село Борово. Дренак останува отсечено и патот е подолго време непрооден, информира Зоки Павловски, раководител на ПЕ на ДЗС,Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава