Поради шумски пожари над 29.000 луѓе се евакуирани во Канада
Шумските пожари во канадската провинција Алберта продолжуваат да се шират и покрај дождот и падот на температурите, соопштија синоќа властите, пренесува ДПА. Над 375.
Вкупно 31 од 108 активни шумски пожари се надвор од контрола, што ги принуди властите доцна во саботата да прогласат вонредна состојба.
Прогласувањето на вонредна состојба овозможува ослободување на федералните средства за борба против огнот.
Неодамнешните дождови помогнаа да се изгаснат пожарите, изјави началничката за заштита од пожари во Алберта, Кристи Такер.
„Тоа им овозможи на пожарникарите да работат во некои области на пожарот до кои не можеа да стигнат поради екстремната природа на пожарите.
Пониски температури и поголема влажност се очекуваат во следните неколку дена, додаде таа. Според Такер, властите побарале помош од соседната американска држава Монтана.
Сè уште не може да се процени степенот на штетата.
Колин Блер, директор на Агенцијата за управување со вонредни состојби во покраината, изјави за канадската телевизија Cи-Би-Си дека приоритет е заштитата на животи и управувањето со итни случаи.
Според властите, од јануари досега веќе се случиле повеќе од 360 пожари. Експертите предупредуваат дека климатските промени ќе ја зголемат зачестеноста и интензитетот на шумските пожари.
Во западните провинции на Канада, просечната температура се зголемила за 1,9 степени Целзиусови од средината на 20 век, според канадската Канцеларија за животна средина и климатски промени.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи