Поради секс заглавија на суд: Мажот обвинет дека ја силувал сопругата
Рамиз Ж. наречен Рамо (58) татко на шест деца е обвинет дека невенчаната партнерка М.И. мајка на 11 деца ја силувал, а потоа и се заканил, велејќи дека „ќе ја убие како куче ако го заврти бројот на полиција“.
Обвинението го товари дека во вечерните часови на 19 јануари во куќа во близина на Винковци Рамиз Ж. жестоко се скарал со партнерката. Гледајќи ја како лежи на стомак во креветот и без гаќи, Рамиз ја нападнал жената која иако му говорела да се тргне, дека спие и дека не сака интимен однос, тој без нејзина дозвола извршил полово дејство.
Десетина дена подоцна Рамиз по кавгата и се заканил со смрт, пишува Јутарњи.хр.
-Ма каков секс без нејзина волја!? Ништо од тоа не е точно. Мојата жена и јас се сакаме, но верувајте ми секој месец е се полошо и полошо! Како? Затоа што нејзе ја боли глава, па има менструација два пати месечно и јас ќе се тргнам. Десет години живееме заедно и имаме три малолетни деца за кои се грижиме, изјави обвинетиот Рамиз во судот во Вуковар.
Неговата партнерка, пак, го вели спротивното и во нејзината приказна поверува и државното обвинителство. Призна дека во текот на заедничкиот живот кој е прекинат во март годинава, целото семејство живеело од пензијата на Рамиз, детскиот додаток и заедничката работа.
-Тој е многу љубоморен. И секогаш бара полов однос. И кога го одбив оној ден во јануари, ме уценуваше дека ќе ме одјави од неговата адреса ако не се согласам на секс. Постојано ми се заканува дека ќе ме заколе како куче, вели партнерката на Рамиз.
Ново на Сител
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи