Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“.
-Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови - соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура.
Станува збор за патничките возови на релација Скопје – Гевгелија 611 (06.20) и 631 (16.55) и Гевгелија – Скопје 630 (04.30) и 632 (17.02); потоа на релација Скопје – Битола 641 (07.06) и 645 (20.05) и Битола – Скопје 640 (03.10) и 644 (18.22); на релација Битола - Велес 642 (12.46) и Велес-Битола 643 (15.25) и на релација Скопје – Велес 2083 (22.40) и Велес – Скопје 600 (05.00).
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
