Поради пожар дел од Токио остана без струја
Околу 350.000 деловни објекти и станови во западниот и северозападниот дел на Токио денеска останаа без струја, но по неколу часа диспечерите успеаја да го обноват напојувањето со електрична енергија, јави ТАСС.
Операторот „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) соопшти дека можна причина за инцидентот бил пожарот во еден од неговите објекти во соседната префектура Сајтама, каде биле оштетени подземни кабли.
Телевизијата Ти-Би-Су директно го пренесуваше гасењето на пожарот, во што се вклучлени неколку противпожарни екипи. Засега нема податоци за настрадани во пожарот.
Се уште, меѓутоа, не е обновено движењето на возовите на неколку линии во Токио, што минуваат низ реоните што беа останати без струја. Не работат ни семафорите во повеќе градски реони, каде дежураат полицајци за регулирање на сообраќајот
Ново на Сител
-
Најавени уште 120 тужби против Диди
-
Младите во ЕУ го напуштаат домот на родителите на 26,3 години просечно
-
Анчелоти по поразот од Лил: Противникот беше посилен и мораме да го прифатиме тоа
-
Субименди: Не жалам што не преминав во Ливерпул
-
Лукаку и Де Бруин ја одбија поканата за репрезентацијата
-
Меси се враќа во тимот на Аргентина
-
ФИФА одлучува дали ќе го исфрли Израел од меѓународниот фудбал
-
Барселона сака да го врати Нејмар следното лето