-->
-->
Поради посетата на Трамп на Париз Ајфеловата кула затворена до сабота
-->

Туристите и жителите на Париз од денеска, па до сабота не ќе можат да се качиваат на Ајфеловата кула.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквата забрана, што стапува во сила од денеска во 14:30 часот, е воведена поради посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на францускиот главен град.
Според најаваа, американската претседателска двојка вечерва ќе има вечера со француската претседателска двојка во ресторанот „Ле Жил Верн“ на вториот кат на Ајфеловата кула.
Кулата ќе биде затворена и утре поради свеченостите по повод 14 јули - Денот на Бастиља, бидејќи традиционалниот огномет по повод празникот ќе биде истрелан од оваа париска знаменитост.
Ајфеловата кула ќе биде повторно отворена за јавноста дури во саботата во 9 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
