Поради одрони на патот Крива Паланка - ГП „Деве Баир“, во прекин сообраќајот за товарни возила
На регионалниот А2 Крива Паланка- ГП„Деве Баир“, изутрина од 06.30 часот, поради одрони на патот на еден километар од излезот на Крива Паланка, сообраќајот е во целосен прекин за товарни моторни возила, а наизменично се одвива за патнички возила, информира АМСМ.
Поради обилните врнежи од дожд, сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Делчево (А3) се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната