-->
-->
Поради него сите носат жолти елеци: Автомеханичарот покренал револуција, а еве што му порачува на Макрон
-->
Жолтите елеци станаа симбол на протестите кои веќе со недели ја потресуваат Франција. На тоа се сетил Гислан Кутар кој е изненаден од одзивот, но и запрепастен од насилната реакција на полицијата врз демонстрантите.Кутар е еден од ретките луѓе кои се поврзуваат со т.н. "Жолти елеци", движење кое уште од ноември протестира поради новите даноци на горивата. Токму овој автомеханичар од Нарбон, во едно видео предложил сите демонстранти да облечат жолти елеци.
"Тоа беше прилично едноставно. Го снимав моето видео и го здогледав жолтиот елек кој го користам додека работам. Мислев, елекот е создаден за сите да го видат и сите го имаме во нашите возила бидејќи така налага законот. Зошто да не го користиме елекот како наша боја на препознавање? Да видиме дали луѓето имаат волја да излезат на улиците и да протестираат. И погодок - токму тоа се случи", изјавил Гислан.
Автомеханичарот вели дека и самиот бил шокиран поради насилството во Париз изминатиот викенд, но го разлутило и тоа што медиумите ја прикажуваат само едната страна односно прикажуваат како "Жолтите елеци" ги напаѓаат силите на редот.
"На полицијата ѝ е потребен било каков повод за да посегне по својот солзавец. Според мене, таквата тактика е целосен пораз", додал Гислан.
На прашањето што треба да се случи за "Жолтите елеци" да бидат задоволни, тој одговорил дека претседателот треба да излезе од својата дупка и да се соочи со граѓаните на Франција.
"Не само преку соопштенијата за јавност, туку во реалноста, на улица. Но, тоа никогаш нема да се случи. Тој е премногу отуѓен, толку е горд што нема да преземе ниту еден чекор. Проблемот е што е тврдоглав, но и ние сме. Во еден момент некој ќе мора да истапи, а ние сметаме дека тоа ќе биде тој", заклучил Кутар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
