Поради најавените протести словенечката полиција целосно го огради плоштадот пред Собранието
Пред најавените антивладини протести во Љубљана, кои ќе се одржат вечерва, словенечката полиција целосно го огради Плоштадот на Републиката, кој се наоѓа пред зградата на Собранието, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Овие барикади за време на минатонеделните протести беа поставени за околу 200 метри поблиску до Собранието, но и тогаш граѓаните кои протестираат бурно реагираа, велејќи дека на тој начин им се ограничува правото на слободно движење, бидејќи плоштадот е јавен простор.
Минатиот петок заштитната ограда ја прескокнаа осум демонстранти кои веднаш беа уапсени од полицијата, однесени во станица, а потоа и ослободени.
Секој петок веќе речиси еден и пол месец, илјадници граѓани протестираат против словенечката Влада, обвинувајќи ја за системска корупција. Бараат оставка од премиерот Јанез Јанша и организирање на предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации