Поради можна терористичка закана евакуиран факултет во Руан
Правниот факултет во француксиот град Руан ќе остане затворен од денеска, па се до понеделник, со цел да се изврши проверка на објектот, по апсењето на едно лице поради „сомнително однесување“ во близината на образовната институција, јави дописникот на МИА од Париз.
Лицето, за кое постои сомнеж дека е поврзано со исламски радикали, е уапсено во неговиот дом, откако бил пријавен дека „сомнително однесувал во близината на факултетот“. Тој во полицискиот регистар од пртходно бил заведен како „радикализизиран елемент“.
- Лицето кое не е студент на Фајултетот било забележано како сомнително се однесува од страна на еден студент, кој ја повикал полицијата, наведува весникот „Пари Норманди“, кој додава дека уапсениот, на возраст од дваесет години, повеќе пати бил виден во близина на факултетот.
Студентот кој го забележал „сомнителното однесување“ на уапсениот, започнал да го следи, по што ја запишал регистрацијата на неговото возило и се јавил во полицијата.
Пред пребарувањето на факултетот од страна на безбедносните сили, деканот ги извести студентите дека факултетот ќе биде затворен од денеска и дека повторно ќе почне со работа в понеделник. По пребарувањето не е најдено ништо сомнително, а и во домот на уапсениот, според „Пари Норманди“ полицијата не пронашла никакви докази за терориситчка активност.
Ново на Сител
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови