Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
Поради густата магла за 24 часа се откажани девет летови на скопскиот аеродром. Од нив, седум вчера и два денеска. Од скопскиот аеродром за Сител потврдуваат дека истите тие летови, вкупно девет, се пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија и Варшава. За проверка на статусот на летот, патниците треба да ги следат известувањата кои ги добиваат од нивната авиокомпанија со која летаат.
„Во ситуации со промени на редовниот распоред на летање поради временски услови, и покрај можноста за доцнења, пренасочувања и/или откажувања на летовите, патниците треба да пристигнат на аеродром навреме, односно 2 часа пред закажаното време на полетување на нивниот лет и да се пријават на шалтерите за пријавување со цел да можат да ги остварат своите патнички права“, стои во соопштението на надлежните.
Маглата ќе биде присутна и во новата работна недела. Услови за намалување на маглата се очекува од петок.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар