Македонија
29. јуни 2024 - 8:57

Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром

Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром. 

-На ден 29 јуни (сабота) на ул. “Борис Кидрич” од крстосница со Ул. “Симеон Кавракиров” до крстосница со Бул. “ Кузман Јосифовски Питу “ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има изменет режим на сообраќај на наведените улици, информираат од изведувач на работите, компанијата „Гама градба“.