Поради чистење снег затворен за сообраќај магистралниот пат Крупиште-Штип
Магистралниот пат А3 од село Крупиште кон Штип од 12 часот ќе биде затворен за сообраќај во времетраење од околу 30 минути поради чистење на снег, информира АМСМ.
Оттаму потсетуваат дека е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кочани – граничен превој Делчево и е нормализиран сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси. Од 04:50 часот овој патен правец е прооден за сите видови возила.
Забрана за движење натешки товарни возила се уште има на планинскиот премин Плетвар и на патниио правец Маврово – Дебар, а затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, додека поради наноси од снег во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп - Витолиште. Отежнат сообраќај поради наноси од снег има и на патниот правец Куманово – Крива Паланка.
Сообраќајот на остатнатите државни патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови