ОН: Поради борбите во ирачкиот град Тал Афар блокирани 30.000 цивили
Околу 30. 000 цивили се блокирани во ирачкиот град Тал Афар од борбите меѓу ирачката армија и џихадистите од Исламска држава, соопшти портпаролот на ОН, цитиран од француските медиуми.
-Хуманитарната помош веќе е доставена до пунктовите на југ и исток од Тал Афар, изјави портпаролот Стефан Ѓужариќ.
Високиот комесаријат на ОН за бегалци стравува дека ирачките цивили можат да бидат употребени како човечки штитови и дека обидите за бегство на цивилите од градот можат да бидат казнети од џихадистите со егзекуции и убиства, додаде портпаролот на ОН.
ОН очекуваат во следните неколку дена илјадници цивили да се обидат да избегаат од Тал Афар.
Ирачката армија, поддржана од авијацијата на меѓународната коалиција, предводена од САД, вчера ја поврати контролата врз три кварта на Тал Афар - еден од последните бастиони на џихадистите во Ирак, додадоа француските медиуми.
Ново на Сител
-
Запленети над 1,5 тони марихуана во голема операција во Белград
-
Ангелов: Пожарот во Јасен се влошува, но со брза интервенција е запрен
-
Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори
-
Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар
-
Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани
-
„Гринпис – Бугарија“ пријави над 170 нафтени дамки во бугарските води на Црното Море
-
Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
-
Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт