Поради борбите Мосул досега го напуштиле 150.000 лица
Повеќе од 150.000 лица побегнале од Мосул, до цел да се заштитат од борбите што се водат околу западниот дел и во самиот град, каде пред еден месец силите за безбедност ја почнаа операцијата за потиснување на џихадистите, соопштија денеска ирачките власти.
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска ги објави податоците за раселувањата, според кои, од Мосул побегначе речиси 100.000 лица, но овие информации се темелат на фактот дека помал број луѓе живеат надвор од камповите.
Според ирачкото Министерство за миграции и раселување, откако почнаа борбите за Мосул, на 19 февруари, од западниот дел на градот побегнале 152.857 лица.
Повеќе од 98.000 лица се сместени во кампови, додека повеќе од 54.000 останале во областите кои ги зазеде Исламска држава.
ИД во 2014 година зазеде голем дел од северен и западен Мосул, но ирачките сили за безбедност, кои се поддржани од САД со воздушните напади, успеаја да повратат поголем дел од територијата које тогаш ја загубија.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига