Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

Поповолна оценка за состојбата на фирмите во преработувачката индустрија во јули споредено со јуни годинава и во однос на јули лани изнеле раководителите на фирмите. Се очекува бројот на вработените да расте, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, според оценката на раководителите, во јули во однос на јуни годинава е повисок за 0,4 проценти, а споредено со јули лани за два процента.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули во однос на јуни годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени споредено со јуни годинава.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти минатиот месец изнесува 65,3 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат: недоволната странска побарувачка со 20 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 19,2 процента, недоволната домашна побарувачка со 17,9 проценти и неизвесното економско опкружување со 12,4 проценти.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
