-->
-->
Попов: Власта на СДСМ и ДУИ освен лаги немаат ништо друго понудено на младите
-->
Денес е меѓународниот ден на млади, иако мојата прва намера беше да го честитам овој ден во мое име и во име на УМС, но во последните години владеење на СДСМ и ДУИ освен ветувања и лаги немаат ништо друго понудено на младите.
Во последните години и покрај несреќните изјави дека учениците, студентите и младите се приоритет за нив, можеме да го видиме само спротивното. Ветуваа студентски градови, а од сликите кои стигаат до нас од студентите може да видиме дека шајка немаат заковано во веќе постоечките студентски домови.
Ветуваа поквалитетно образование, а во последните години освен слободен пад на ранг листите на државниот универзитет ништо се нема променето. Ветуваа младинска гаранција, а се почесто гледаме дека патот од клупите и амфитеатрите до работните места е невозможна мисија. Оставаа чевли, манипулираа со чувствата, ветуваат бројчаници, а реалната слика е дека секој ден некој млад човек го пакува целиот свој живот во два куфери и си заминува од Македонија.
Доста е веќе лажење и манипулирање, иако тоа ви е модус операнди. Младите познаваат кој им е партнер во борбата за подобро утре и на следните избори вашата безидејност ќе биде жестоко поразена.
Драги млади, упатувам повик до сите вас, да се приклучите во оваа битка и никогаш повеќе меѓународниот ден на млади да не помине во потенцирање на слабости и тонењето кон дното, туку прославување на успесите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари
-
Македонска делегација на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Медински: Историската судбина на Русија и Украина е една, тоа е еден народ
-
Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините
-
Шест пожари за еден ден во кумановско
-
Волстрит џурнал: Руските сили ја преминаа украинската граница и напредуваат кон Суми
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран