Попоски во Париз на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Балканот
Жан-Марк-Ејро, францускиот министер за надворешни работи и меѓународен развој и Харлем Дезир, државниот секретар за европски прашања, се домаќини на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на самитот „Париз Балкан 2016“, јавува дописникот на МИА.
Самитот ќе се одржи на 4 јули во Париз по инцијатива на претседателот на Франција, Франсоа Оланд.
На денешната министерска конференција, која ќе заврши со работна вечера, учествуваат шефовите на дипломатиите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Германија, Австрија, Хрвастка, Италија и Словенија, како и европскиот комесар задолежн за односите со соседите и преговорите за проширувањето и генералниот секртера за европската служба за надворешна акција.
Учесниците на самитот ќе ги разгледаат приоритетите на самитот од 4 јули, како и на развојот на регионалната соработка со поддршка на Европската Унија.
Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, на маргините на денешната средба има предвидено повеќе билатерални средби, откако претходно имаше средба со домаќинот Жан Марк-Ејро, шефот на француската дипломатија.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот