Попоски во Луксембург на состанок на ЕУ за мигрантската криза
Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и неговиот колега од Луксембург Жан Аселборн (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), денеска и утре во Луксембург, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство - Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на актуелната миграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзиното менаџирање од страна на земјите-кандидати кои се соочени со масовен наплив на илегални мигранти.
На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите-членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО