-->
-->
Попоски: ВМРО - ДПМНЕ тргнува најсилно досега
-->
Министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Попоски, вечерва се обрати пред членовите на општинскиот комитет на партијата во Куманово и нагласи дека во овој момент се фокусирани на граѓаните, нивните потреби и проектите кои се најзначајни за нив.
ВМРО - ДПМНЕ, рече Попоски, тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место во Република Македонија. Сметаме, подвлече Попоски, дека овој е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои пред нас.
- Мислам дека со оваа порака, со распишување на изборите, сме во клучен момент во кој граѓаните најдобро ќе можат да оценат што сакаат, дали сакаат проекти,инвестиции,напредок за државата и заштита на националните интереси и конечно да ставиме крај на сите оние кои сакаа на база на шпекулации или на нанесување на штета надвор, да постигнат резултат кој би бил негативен за Македонија, рече Попоски.
Потенцира дека во овој момент пораката е јасна - топката е кај граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна