Попоски се сретна со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон
Колку Македонија има одговорност да напредува во реформите, толку ЕУ има одговорност да ја врати вербата во фер пристапен процес, истакнал министерот за надворешни работи Никола Попоски на средбата со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, кој од вчера е во посета на Македонија.
- Наше е да да имаме постојан напредок во областите кои се најважни за членство во ЕУ. Никој не може да го сработи тоа за нас. Низ годините научивме дека секое унапредување на стандардите е од корист за македонските граѓани, без разлика што воедно истото не приближува и кон ЕУ. Сега сме максимално посветени на спроведување на изборите и работиме на областите поврзани со пристапните преговори. Останува на земјите членки да ја вратат вербата на македонските граѓани дека може да имаме кредибилен пристапен процес и низ него да ги надминеме сите предизвици кон членството во ЕУ, рекол министерот Попоски.
Соговорниците, како што соопшти ресорното Министерство, ја реафирмирале важноста и улогата на Обединетото Кралство како долгогодишен партнер и поддржувач на Република Македонија во остварувањето на највисоките надворешно-политички приоритети.
Министерот Лидингтон ја истакнал важноста преку реформи да се зајакнат аргументите за придвижување на Македонија кон ЕУ, особено во сложените услови со кои ЕУ се соочува.
За време на средбата беа разменети мислења и за мигрантската криза, интензивирањето на билатералните односи и можноста за економска соработка.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа
-
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
-
Акциска контрола во Скопје: Казнети 99 возачи, приведени двајца малолетници, санкции за угостителски објекти