Попоски: Наш интерес е што поскоро да излеземе од политичката криза
Ниедна земја членка на ЕУ, која досега сметаше дека Република Македонија треба да ги почне преговорите за членство во Унијата, не го сменила мислењето, но факт е дека сега е многу потешко да се заложат за отпочнување преговори со земјата во услови на внатрешни политички проблеми. Наш интерес е што поскоро да излеземе од спиралата на внатрешни конфронтации, за да им помогнеме и на оние што не` подржуваат на европскиот фронт.
Ова во интервју за Радио Слободна Европа, го истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Во врска со најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидати, Попоски, меѓу другото, се осврнува на политичкиот договор.
- За нас најголемиот хендикеп и најголемото внимание е предизвикано од внатрешната политичка криза, која, се надевам дека сме на пат да ја надминеме со примена на решенијата кои беа договорени меѓу политичките партии. Дали ние сега ќе бевме во ваква ситуација, доколку ги почневме преговорите во 2007-ма година, е легитимно прашање кое можеме да го поставиме, вели Попоски.
На прашањето за зачестените соопштенија на Русија, во врска со политичката криза во Македонија, за која Москва го обвини Западот, Попоски истакнува дека „има само еден начин за надминување на внатрешните проблеми, со наши сили и со дијалог внатре“.
- Од надвор може да има различни ставови или интереси, но за нас е клучен нашиот интерес, а тоа е целосна интеграција во НАТО и во ЕУ, нагласува министерот Попоски.
За интервјуто на Метју Нимиц за грчкиот весник „Катимерини“, во кое вели дека сега е време за решавање на македонско – грчкиот спор за името, министерот Попоски нагласува дека е време веќе 20 години да биде решен спорот, бидејќи Македонија ги чувствува последиците.
- Нема нови поместувања во преговорите, а во меѓувреме се преземаат мерки за градење меѓусебна доверба за прашања кои не се поврзани со спорот за името, нагласува министерот за надворешни работи Попоски.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога