Попоски ги прими акредититивните писма на новиот кинески амбасадор

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на НР Кина во Република Македонија, Јин Лисјен.
Министерот Попоски на амбасадорката Јин и посака успешна дипломатска мисија и изрази очекување дека за време на нејзината мисија во Република Македонија извонредно добрите односи меѓу двете земји ќе добијат уште позасилена динамика.
На средбата беа истакнати приоритетите за идната соработка, усвоени на Петтиот состанок на шефови на влади на НР Кина и земјите на ЦИЕ, одржан во Рига, Латвија. Беше поздравен заклучокот за воспоставување на Центар за културна соработка меѓу Кина и државите од Централна и Источна Европа во Скопје, во рамки на иницијативата „One belt - one road“ од процесот 16+1 (Шестнаесет држави од ЦИЕ и Кина).
На средбата се разговараше и за мултилатералната соработка, како и за други регионални и меѓународни актуелни теми.
Ново на Сител
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
