Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД

Зимската бура што ги погоди САД усмрти седум луѓе, а стотици илјади домови се без електрична енергија. Поради лошите временски услови затворени се училишта, патишта, откажани се летови од Тексас до Нова Англија.
Најмалку двајца починаа од хипертермија во Лујзијана, и по две лица во Тексас, Тенеси и Канзас.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани пред два дена објави дека во градот починале пет лица.
До вчера попладне повеќе од 800.000 домаќинства беа без електрична енергија, а откажани се по веќе од 11.000 летови.
Од бурата би можеле да бидат погодени околу 180 милиони Американци, што е повеќе од половина од населението.
Речиси половина од американските сојузни држави прогласија вонредна состојба.
Обилните снежни врнежи, лапавицата и замрзнатиот дожд, опасен феномен при што капките дожд веднаш замрзнуваат на површините, би можеле да траат со денови. Снегот и мразот ќе се стопат многу, многу бавно и нема да исчезнат наскоро, а тоа ќе ги попречи сите напори за закрепнување, изјави метеорологот Алисон Санторели од американската Национална метеоролошка служба.
Иако температурите под нулата се вообичаени во северните држави како Дакота и Минесота, овој вид студ е невообичаен во Тексас, Лујзијана и Тенеси, каде што температурите паднаа за 15 до 20 степени под сезонскиот просек.
Според метеоролозите, моќната бура е предизвикана од поларниот вртеж, прстен од силни ветрови што се формира над Арктикот секоја зима. Кога тие ветрови ослабуваат, вртежот се спушта кон југ, носејќи ладен воздух кон САД. Во контакт со потоплиот воздух на југ, се создаваат фронтови на бура.
Според метеоролозите студеното време ќе трае до почетокот на февруари.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
