Попоски ги посети децата на летниот камп „Ја сакам Македонија“
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ги посети учесниците на четвртиот Летен камп „Ја сакам Македонија“ за деца кои го изучуваат македнскиот јазик и култура од соседството и од дијаспората што традиционално се одржува во Охрид.
На капмот учествуваат деца од училишна возраст од заедниците на Македонците од Италија, Сбрија, Бугарија, Грција и Албанија.
- Ова е еден од најзначајните проекти бидејќи Македонија е толку витална колку што е виталeн македонскиот јазик, не само во Република Македонија, туку особено од страна на оние кои живеат надвор од неа. Затоа и вложуваме толку енергија и е значајно овој проект да го развиваме во иднина, истакна Попоски.
Досега, според него, во Летниот капм учествувале неколку стотини деца и најави дека размислуваат да го прошират со зимски камп, но и со вклучување на камп за средношколци кои би го изучувале или усовршувале македонскиот јазик.
Овогодинашниот камп го оцени како успешен, пред се, како што рече, поради разноликоста на составот, бројот на земји од кои доаѓаат.
Дечињата се задоволни од учеството, учат македонски јазик и нашата историја и географија, со желби следната година повторно да присуствуваат.
Во рамките на посетата на овој камп, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи, Попоски одржа предавање пред дечињата и им додели благодарници и книги на учесниците. Тој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран