-->
-->
Поплави во Грција, се извлекуваат заглавени луѓе и автомобили
-->
Многу куќи, патишта и автомобили се поплавени во поројните дождови што деновиве го зафатија јужниот дел на Грција.
Стариот пат од Атина до Коринт кај Неа Перамос утрово е претворен во река, и на него се заглавени повеќе автомобили. Грчката државна агенција АНА-МПА јави дека ситуацијата е слична и на новиот пат. Во тек е операција за извлекување на автомобилите и патниците кои се заглавени во водата.
Противпожарната служба добила повеќе од 160 повици за помош откако биле поплавени повеќе домови и автомобили во градот Мегара.
Од почетокот на неделава Грција е погодена од лошо време, кое според метеоролозите се очекува да продолжи до недела, а бурата „Евридика“ ги погоди островите и повеќе области во континенталниот дел на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло