-->
-->
Поплавени повеќе делови од Хрватска
-->
Повеќедневните обилни дождови предизвикаа излевање на реките Купа и Сава во Хрватска.
Во Загреб синоќа се излеа реката Сава и предизвика поплави во делови на главниот град на Хрватска.
Обилните дождови вчера го поплавија и селото Јуровско Брдо во Карловачката жупанија, во близина на границата со Словенија.
Поради излевање на реката Купа прогласено е вонредна состојба во Брдо на Купа, Горски Которо. Само за неколку часа водостојот на реката се зголеми дури за четири метра.
-->
-->
-->