Поплавени дворови и помошни простории во струшката населба Мислешевски пат
Обилните врнежи од дожд, кои предизвикаа интензивно топење на снегот, што вчера падна во струшкиот регион предизвика излевање на канализациите и поплави во подрумски простории на неколку куќи во населбата Мислешевски пат.
Ракводителот на регионалниот Центар за управување со кризи од Охрид, Митко Темелковски информира дека на телефонскиот број 195 имале неколку дојави за поплавување дворни места и подруми од површински води, како и дојава за излевање на фекална канализација во оваа струшка населба.
– Поради поплавување од површински води во Мислешевски пат, вчера и од утрово имавме дојави за поплавени дворови и помошни просотрии, за што ја известивме Општината. Денеска имавме една дојава и за истекување на канализациската мрежа во оваа струшка населба, истакна Темелковски.
Во однос на проодноста на патиштата, во координација со подружницата на јавното претпријатие „Македонија пат“ посочи дека патиштата во струшката област Малесија, каде има само неколку постојани жители, не се проодни.
– Патот е исчистен до селото Мислодежда, кое е населено, а нагоре од Присовјани, кон Збажди, Ржаново, Локов, Селце, Буринец не е прооден, изјави Темелковски, посочувајќи дека немаат дојави за помош од локалното население.
Раководителот на канцеларијата на ЦУК во Струга, Тоде Малески посочи дека ја известиле Општината за состојбата со куќите на Мислешевски пат, од каде не добиле повратен одговор. Тој посочи дека по информација од ЈП „Македонија пат“ бил исчистен и прооден патот до селата на Јабланица.
Ново на Сител
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија
-
Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
-
Бројот на жртви од уривањето на училиштето во Индонезија се зголеми на 36
-
Кампања на МОН „Магијата е во знаењето“: Да го вратиме сјајот и достоинството на професијата наставник
-
Коњановски: Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во Советот на Општина Битола
-
Путин: Испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев ќе ги уништи позитивните трендови меѓу Русија и САД
-
Две малолетни деца убиени и уште две тешко ранети во Тексас, се истражува семејна врска во трагедијата
-
Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето