Поплава на „Илинденска“, пукна водводна цевка - вода до колена до „Скопје Сити Мол“
Булеварот „Илинден“ вечерва беше поплавен откако пукна водоводна цевка, а реките вода се излеваа покрај „Про Кредит“ банка па се до трговскиот центар „Сити мол“. Излевањето на водата најпрво направи хаос во сообраќајот, а откако екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, по што на асфалтот остана кал и тиња.
На самото место се присутни неколку екипи од ЈП „Водовод и канализација“ како и полициски возила кои го стопираа сообраќајот. Според првичните информации, поплавувањето на булеварот е предизвикано поради пукање на цевка од водоводната мрежа во должина од шест метри. Упатените информираат дека до вакви дефекти доаѓа поради нагла промена на временските прилики, односно од многу ниски на високи температури и обратно.
Како што пренесува „Макфакс“, вонредно биле повикани повеќе екипи за да ја санираат штетата, кои ќе работат во текот на целата вечер. Водата засега е стопирана, а до утре се очекува да биде саниран и дефектот на цевката.
Иако во меѓувреме водата е повлечена од булеварот, големите вирови и наноси од кал сведочат за дефектот кој предизвика застој во сообраќајот во овој дел од главниот град.
Фото: Сакам да кажам
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости