-->
-->
Попладнево прволигашки фудбал на терените низ Македонија
-->

Во фудбалското првенство на Македонија, попладнево ќе се играат средбите од 13.коло во Првата лига.
Најнеизвесно се очекува да биде во Тетово каде лидерот на табелата Шкендија го пречекува составот на Работнички кој е во низа од три победи.
Второ пласираната екипа на Акандемија Пандев пред домашната публика ќе игра против прилепска Победа. Настап на домашен терен ќе има и шампионот Вардар кој резултатската криза од пет меча без победа ќе треба да ја прекина во дуелот против последно пласираниот Скопје.
На стадионот во скопската населба Чаир, кај Шкипи гостува Силекс, а во последниот меч Пелистер во Битола ќе игра против Ренова.
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 13 часот и 30 минути
Табела:
- Шкендија 31 бодови,
- Академија Пандев 21 (-1 натпревар помалку),
- Вардар 20 (-2),
- Силекс 19,
- Ренова 17,
- Работнички 16 (-1),
- Шкупи 15,
- Пелистер 12,
- Победа 12,
- Скопје 9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
