Попладне нестабилно време, со локален пороен дожд, грмежи и град
Времето денес претпладне променливо облачно со повеќе сончеви периоди во централните делови. Попладне ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и со услови за појава на град. Повеќе воден талог ќе наврне на југот и на истокот од земјата.
Ќе дува слаб до умерен источен ветер. УВ=6
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
Утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони и на север во Скопско. Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекува условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а дневните температури од 18 до 32 степени.
Ново на Сител
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури