-->
-->
Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-->

Облачно и посвежо ќе биде времето следните денови. Веќе од попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистичен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Утре и во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, а поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.
Температурите ќе бидат во опаѓање. Утринските температури ќе се спуштат под нула, а дневните ќе достигнат до 16 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
