-->
-->
Попис на водомерите во Куманово
-->
Петнаесетина екипи на Јавното претпријатие „Водовод" - Куманово деновиве на терен вршат попис на водомерите на корисниците на услугите, опфаќајќи ги и правните и физичките лица. Акцијата,како што информираа надлежните има за цел да ја утврди вистинската состојба на корисници во Куманово. Во моментов надлежните од претпријатието ги обработуваат собраните податоци од теренското истражување.
- Во оваа фаза на извршен попис не можеме точно да ја утврдиме бројката, но сепак станува збор за податоци кои можат позитивно да влијаат на финансикото работење на претпријатето Акцијата е обемна и треба да се спроведе детално за да ги прикаже податоците со кои во иднина може да се планираат приходите на претпријатието, изјави директорот на „Водовод“, Горан Стојковски.
Во поголемиот дел од градот евидентирани се домаќинства кои користат вода од претријатието и кои во најголем процент редовно ги плаќаат сметките.
- Согласно нашата евиденција имаме зелена зона каде што состојбата е регуларна, жолта зона каде дел од корисниците велат дека користат и вода од бунари и бушотини и портокалова зона каде што има евидентирано нелегални приклучоци за кои планираме да преземе соодветни мерки за приклучување кон системот, што подразбира и плаќање на обвските кон претпријатието, објасни Стојковски.
Оваа акција, според Стојковски, е дел од сетот мерки кои се преземаат за да се подобри ефикасноста на претпријатието и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните. ЈП „Водовод" евидентира вкупно 31.500 водомери, од кои 28.000 ги користат физичките лица, а 3.500 правни лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект