Пониски температури, врнежи од дожд и снег на повисоките места
Повремени врнежи од дожд, кои локално на западот ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места повремен снег, и засилен северозападен ветер, најавуваат за утре метеоролозите.
Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.
Утре попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието, кој
ќе се задржи до четврток претпладне и ќе услови опаѓање на температурата. Од четврток до
недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.
Дневната температура утре ќе се движи од три до 13 степени, задутре од пет до 11 степени, петок од осум до 13, сабота од 12 до 18 степени, недела од 11 до 17 степени,а в понеделник од 8 до 14 степени.
Ново на Сител
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија
-
Колку од плажите ќе обезбедат спасители