Помпео: Русија се мешаше во изборите

Директорот на Централната разузнавачка агенција, Мајк Помпео, сé уште стои на проценката на американската разузнавачка служба дека Русија се мешала во минатогодишните избори во САД.
Тоа е соопштено како реакција на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека му верува на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата земја не се мешала во изборите во САД..
ЦИА соопшти дека Помпео и натаму останува на проценката на разузнавачките служби од јануари оваа година за вмешаноста на Русија на претседателските избори во САД.
- Заклучоците на разузнавачките служби поврзани со мешањето на Русија на изборите не се променети, се вели во соопштението на ЦИА.
Трамп вчера, од главниот град Ханој на Виетнам, рече дека има добри односи со Путин, за кој рече дека „ е навреден поради обвиненијата за мешање во американските претседателски избори".
Американскиот претседател рече дека Путин повторил дека не се мешал во изборите минатата година.
Ново на Сител
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
