Помпео: Нормализацијата на односите Белград-Приштина ќе го стабилизира регионот
Нормализацијата на односите меѓу властите во Белград и Приштина ќе ја подобри стабилноста и напредокот во Србија и Западен Балкан.
Ова на својот налог на Твитер го напиша американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорот во Њујорк со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Помпео ноќеска соопшти дека имал продуктивна средба на која двајцата разговарале за дијалогот меѓу Косово и Србија.
„Имав продуктивен ручек со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, односно дијалогот меѓу Косово и Србија, како и за приклучувањето на Србија кон ЕУ. Нормализацијата на односите со Косово ќе ја подобрат стабилноста и напредокот на Србија, Западен Балкан и трансатлантската заедница“, напиша Помпео на Твитер и објави фотографија како наздравува со Вучич.
Српскиот претседател од своја страна, по средбата со Помпео, соопшти дека Србија може да смета на американската поддршка за укинување на таксите на српските производи на Косово, и за продолжување на дијалогот Белград-Приштина.
„Долго разговаравме за се, сакаше да слушне што Србија мисли пред се за решавањето на косовскиот проблем. Ми се чини дека на најкраток и наједноставен начин му го објаснив ставот на Србија“, напиша Вучиќ на Инстраграм.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите