ОН: Помош за 154.000 Сиријци во местата под опсада

Обединетите нации и партнерските хуманитарни организации планираат во наредните пет дена да однесат помош за 154.000 Сиријци во опколените области, соопшти денеска координаторот на ОН во Дамаск, Јукоб Ел Хилјо.
Тој истакна дека ОН, чекаат одобрување од страните во судирот, и ако добијат дозвола подготвени се во првата четвртина од оваа година да достават помош за околу 1,7 милиони луѓе во сириските области до кои има тежок пристап.
Според проценките на ОН, речиси половина милион луѓе живеат под опсада во Сирија, а 4,6 милиони лица во обласите во кои е тешко да се однесе помош, пренесува Танјуг.
ОН се надеваат дека прекинот на непријателствата во Сирија ќе овозможи да се стави крај на 15 опсади.
- Тоа е најдобрата прилика за сирискиот народ во последните пет години за одржлив мир и стабилност, наведува Ел Хилјо.
ОН се надеваат дека денеска ќе однесе помош во Мудамија, во среда во Забадани, Куфреј, Фу и Мадаја, а во петок во Кафр Батна.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
