Помен за децата бегалци

Во организација на Сојзуот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН денеска во паркот „Жена борец“ ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на децата бегалци Македонци насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Со традиционалното полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 72 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која најголеми жртви беа Македонците и нивните деца.
Пред споменикот ќе положат цвеќе делегации на седумнаесет здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и Сојузот МАКЕДОН.
Од Сојузот МАКЕДОН ги покануваат сите Македонци, партии и здруженија да изразат почит на жртвите од Граѓанската војна во Грција.
Споменикот на децата бегалци, како вечен паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота, е откриен на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија од 30 јуни до 4 јули 1988 година.
Ново на Сител
-

43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје
-

Од утре температури над 40 степени, а потоа следува заладување
-

Град Скопје со мерки за контрола и намалување на трошоците за возниот парк
-

Нови колони на Табановце: Отворени осум пункта за наплата на казни
-

Обновливите извори се уште не се доволни, јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја
-

МВР: Цивилните дронови веднаш да се приземјат при појава на полициски хеликоптер, во спротивно следи кривична
-

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
-

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови
