Полуфинале за Зверев во Мајами
Познати се полуфиналните двојки на турнирот во Мајами.Германецот Александар Зверев е последниот полу-финалист на Мастерс турнирот во Мајамиоткако во четвртфиналето го победи Хрватот Борна Чориќ со 6:4, 6:4.
Зверев подобри ги користеше брејк шансите, а психички беше на повисоко ниво од противникот во клучните моменти, поради шти и стигна до победата. Чориќ во двата сета прв доаѓаше до брејк шанси, кои не ги искористи, што неговиот противник сурови ги казнуваше.
Противник на Зверев во полу-финалето ќе биде Пабло Карењо Буста. Шпанецот во трилер-меч што траеше два часа и 45 минути го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка со 6:4, 5:7, 7:6.
Првото полу-финале кај мажите ќе го одиграат вечерва (19 часот) Хуан Мартин дел Потро и Џон Изнер, а еден час по полноќ своето полу-финале ќе го започнат Зверев и Карењо Буста.
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
