-->
-->
Полуфинале за Јотовски на фјучрсот во Скопје
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски избори пласман во полуфиналето на фјучрсот што се игра во Скопје на терените на ТК „Тенис парк“. Во денешното четвртфинале Јотовски по два часа игра со 2-0 во сетови го совлада четвртиот носител Цунг Хуа Јанг од Тајпех. Јанг во својата кариера бил најдобро рангиран на 164.место на АТП листата.
Утре во полуфиналето Јотовски ќе игра против вториот носител Максимилијан Нојхрист од Австрија, кој денеска немаше тешка задача откако Британецот Ричард Гејб му го предаде мечот при резултат од 1-0 во сетови (6:1).
Денешниот противник на Јотовски, Јанг подобро го почна мечот и поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, но следуваше серијата од пет гема на нашиот тенисер за водство од 5:3 и добивање на сетот со 6:4.
Во вториот сет имаше повеќе неизвесност. Јотовски водеше со 1:0; 4:3; 5:4 и 6:5 во гемови, а противникот имаше водство од 2:1 и 3:2. Вториот сет нашиот тенисер го доби со 7:5. Пласманот во полуфиналето е исклучително важно за Јотовски особено што во првите две кола играше мечеви во три сета и мина многу повеќе време на терен за разлика од неговиот утрешен ривал која во првите две кола противниците ги добиваше со 6:3 и 6:2 во гемови.
Според програмата утрешните полуфинални мечеви ќе почнат во 10 часот, а полуфиналето на Јотовски со Нојхрист е планирано како втор меч на теренот број 1 и не пред 11:30 часот.
Во второто полуфинале ќе играат првиот носител Давид Пихлер со победникот од мечот Нино Сердарушиќ и Клаудио Фортуна (мечот е во тек).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Роби Вилијамс повторно во битка со депресијата
-
ФЗОМ: Нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови
-
Хуманитарна изложба „Бои на надеж“, средствата ќе се донираат за настраданите во Кочани
-
Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство
-
Македонец фатен во Србија со 3 грама марихуана, мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели место кривична пријава
-
Пијан го возел на трактор своето 12-годишно дете и подолг период го изложил на ладно време
-
Истрага за 43 лица за измами со „брзи кредити”, невработени лица ги прикажувале како вработени и кредитоспособни
-
Уапсени двајца скопјани, се тепале пред Градски стадион